
|
 |
Вести / Европа
|
|
Косачов: Признавањето на Јужна Осетија не го менува рускиот став за Косово
Москва, 29 август (МИА) - Признавањето на независноста на Косово го сметаме за нелегитимно и ништо во таа позиција не се менува ниту после признавањето на Јужна Осетија и Абхазија, изјави претседателот на надворешно-политичкиот одбор на руската дума Константин Косачов.
- Нашата позиција за Косово после признавањето на Јужна Осетија и на Абхазија останува неизменета, сметаме дека признавањето на Косово од страна на неколку западни држави е во спротивност со меѓународното право. Убедени сме дека каква било промена на границите во однос на Србија е можна само по заемна согласност на страните, а Русија во таа ситуација ќе биде подготвена да прифати секакво решение кое ќе биде усогласено меѓу Белград и Приштина, рече Косачов.
Според него, Русија отсекогаш доследно истакнувала дека најважно е „што ќе речат Белград и Приштина, а не што велат за тоа некои други земји“.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|