
|
 |
Вести / Европа
|
|
„Дејли Телеграф“: Русија ќе ја прекина испораката на нафта ако ЕУ налож санкции против Москва
Лондон, 29 август (МИА) - Русија се подготвува да ја прекина испораката на гас и нафта за земјите во западна Еврпа, ако Европската Унија одлучи да воведе санкции за Москва поради воената интревенција во Грузија и „анектиранјето“ на нејзините две сепаратистички провинции Абхазија и Јужна Осетија, објави лондонскиот весник „Дејли Телеграф“, повикувајќи се на свои извори во рускиот главен град.
Како што јави дописникот на МИА од Лондон, според весникот, Кремељ веќе им наредил на директорите на руските нафтени компании да почнат со запирање на испораката на енергетските суровини за Германија и за Полска, додека на раководството на „Лукоил“ им било речено да бидат достапни за време на викендот.
Дипломатски извор на кои се повикува „Дејли телеграф“ изјавува дека мерката за воведување на контрасанкции од страна на властите во Москва би можела да биде соопштена до понеделник.
Евентуалното прекинуванје на испораката на нафта и гас за Западот, може да биде навестено или да почне да се спроведува во истовреме со вонредниот самит на Европската Унија, што е предвиден за почетокот на идната недела и на кој се очекува соопстување на мерките за „казнување на Русија“.
Експерти на нафтениот пазар предупредуваат дека прекинот на испораката на руската нафта, би можел да предвизика драматично зголемување на цената на „црното злато“ од сегашните 119 на 150 долари за еден барел.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|