
|
 |
Вести / Европа
|
|
Дејвид Милибанд: Русија не смее да госодари со сфери на влијание до нејзините граници
Лондон, 29 август (МИА) - Русија не смее да господари со сфери на влијанје до нејзините граници, изјави за Би-Би-Си британскиот министер за надворешни работи Дејвид Милибанд, објаснувајќи дека Велика Британија не прифаќа поделба на Европа на сфери и зони на влијание, јави дописникот на МИА од Лондон.
Таквите зони, како оние воспоставени на конференцијата во Јалта во 1945 година, или пред тоа на Виенската конференција во 1815 година, се анатемисани за современиот свет, затоа што преку нив и со нивна помош некогаш владееле империите во светот.
Претходно Милибанд објасни дека ако Украина или некоја друга земја посака да биде дел од Европската унија, тоа ќе биде само нејзина одлука и за неа не мора да ја прашува Москва за согласност и одобрување.
Според шефот на британската дипломатија, ако Русија продолжи да се однесува како што сега се однесува, и се заканува изолација и губење на довербата и почитувањето во светот.
Изјавата на Милибанд доаѓа непосредно пред вонредниот самит на ЕУ, закажан за понеделник, а европските дипломати забрзано подготвуваат одговор за руското агресивно однесување во реонот на Задкавказието.
Според Би-Би-Си, се уште не е јасно на што мисли официјален Париз, кога францускиот министер за надворешни работи Бернард Кушнер навести санкции на ЕУ против Русија, ниту се знае колку од земјите-членки се подготвени да ги прифатат санкции против Русија, која се означува како клучен партнер на Европската Унија.
Европски дипломати на кои се повикува Би-Би-Си, тврдат дека расположението во Брисел забрзано се менува, па некои од земјите како Италија и Германија кои досега инсистираа на воздржаност и неизбрзани акции кон Москва, сега се остри критичари на нејзината нова политика.
Во Лондон се вели дека на самитот на ЕУ се очекува да и се понуди на Грузија помош при обновата на земјата, во што би биле вклучени и Абхазија и Јужна Осетија, како и испраќање на европска мониторинг мисија во оваа земја.
Се навестува дека европските лидери би можеле да се согласат за замрзнувањето на преговорите околу спогодбата за стратешко партнерство на ЕУ со Москва, за блокирање на влезот на Русија во Светската трговска организација, како и за заострувањето на визниот режим за руските државјани.
Лондонските медиуми навестуваат дека по Грузија, сега Украина и посебно полуостровот Крим може да се најдат на удар на руската политика за „заштита на руските граѓани“ во странство.
Шефот на дипломатијата Сергеј Лавров, во Москва ги означи како „болна фантазија“ тврдењата дека Русија би можеле да ги нападне и Украина, Крим и Молдавија.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|