
|
 |
Вести / Европа
|
|
Молдавија е против признавањето на независноста на Јужна Осетија и Абхазија
Кишињев, 29 август (МИА) - Властите во Молдавија соопштија дека другите држави не треба да го следат примерот на Русија во признавањето на независноста на грузиските сепаратистички области Јужна Осетија и Абхазија.
Владата во Кишињев не смета дека меѓународното признавање на независноста на Јужна Осетија и Абхазија ќе доведе до стабилност во кавкаскиот регион, се наведува во соопштението.
Владиниот кабинет додаде дека го отфрла секое изедначување на ситуацијата во Грузија и сепаратистичката Придњестровска област.
Придњестровието се отцепи од Молдавија во 1990 година. Оваа област не е меѓународно призната , но е силно поддржана од Русија, забележуваат агенциите.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|