
|
 |
Вести / Европа
|
|
Тројца милитантни екстремисти обвинети за заговор против Гордон Браун и Тони Блер
Лондон, 29 август (МИА) - Тројца исламистички милитантни екстремисти од Блекбурн, во северна Англија, ќе бидат изведени на суд поради учеството во заговор, заканувајќи се дека ќе бидат убиени актуелниот премиер Гордон Браун и неговиот претходник Тони Блер.
Како што пренесува дописникот на МИА од Лондон, британската полиција соопшти дека обвинение е покренато против Исад Канми (22) затоа што заговарал ликвидација и припаѓал на забранетата милитантна група која себе се нарекува Ал Каеда во Британија, потоа против Абас Икбал (23) и Илијас Игбал (21) затоа што поседувале текстови во кои се заговара извршување терористички акции во земјата.
Тројцата се дел од групата од петмина припадници на оваа милитантни исламски екстремисти.
Според изјавата на претставник на полицијата, другите двајца остануваат и понатаму во притвор, но полицијата има на располагање уште седум денови за да подигне обвинение или да ги пушти на слобода. Групата беше разбиена откако во средината на август, двајца од нив беа уапсени во моментот кога се подготвуваа да ја напуштат Британија.
На една исламистичка и џихадистичка интернет страница петмината млади британски муслимани, уште од јануари годинава, повикувале на убивање на Браун и на Блер, доколку не биде повлечена британската војска од Авганистан и од Ирак, како и доколку не бидат ослободени од затворите во Британија сите уапсени и осудени муслимани.
Британската полција соопсти дека во ниту еден момент не постоела директна закана за безбедноста на актуелниот и на поранешниот премиер на Британија.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|