
|
 |
Вести / Европа
|
|
Грузија ги прекина дипломатските односи со Русија
Тбилиси, 29 август (МИА) - Грузија ги прекина дипломатските односи со Русија, изјави грузискиот заменик-министер за надворешни работи Григол Вашаѕе.
Тој наведе дека во тек се консултации за односите со Москва.
Парламентот на Грузија синоќа усвои резолуција со која ја повикува Владата да ги прекине дипломатските односи со Русија поради одлуката на Москва да ја признае независноста на Абхазија и Јужна Осетија.
Пратениците едногласно со 106 гласови „за“ ја усвоија резолуцијата во која е наведено дека Парламентот и „препорачува на извршната власт да ги прекине дипломатските односи со Русија“.
Парламентот ја повика Владата да ги прогласи руските воени сили во Грузија за „нелегални“ и „окупаторски“.
Пратениците оценија дека грузиската Влада треба „да ги прогласи Абхазија и Јужна Осетија за територии под руска окупација“.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|