сабота, 30.08.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Вести / Европа

ЕУ да даде објективна оценка за настаните во Јужна Осетија

Москва, 30 август (МИА) - Русија се надева дека на седницата на Советот на ЕУ во понеделник во Брисел ќе биде дадена објективна оценка за настаните во Јужна Осетија и Абхазија, изјави премиерот Владимир Путин во интервју на Првиот канал на германската телевизија АРД.

-Ние внимателно ќе следиме што таму се случува. Едноставно, се надеваме дека ќе надвладее здравиот разум. Се надеваме дека, сепак, ќе биде дадена не политизирана, туку објективна оценка за настаните во Јужна Осетија и Абхазија, изјави Путин, пренесен од ИТАР ТАСС.

-Посакуваме добри, добрососедски, партнерски односи со сите. Немаме намера да играме по некакви свои посебни правила. Сакаме сите да работат по едни и исти општи правила, кои имено така и се нарекуваат-меѓународоно право. Но, и не сакаме некои да манипулираат со нив натаму, рече Путин.

Тој даде и паралела меѓу Абхазија и Јужна Осетија од една страна и Косово од друга.

-Таму имаше етнички конфликт и тука имаме етнички конфликт. Таму практично имаше криминал од двете страни и тука сигурно можат да се најдат. Ако се побара сигурно, ќе се најде. Таму беше донесена одлука дека тие народи не можат да живеат во една држава и тука не сакаат да живеат заедно во една држава. Нема никкава разлика и сите јасно тоа го разбираат. Многу сакам за тоа да ме разберат и нашите европски колеги, изјави Путин.

-Ако европските земји сакаат да им служат на надворешнополитичките интереси на САД, тогаш, по мое мислење, тие нема ништо да добијат од тоа, предупреди Путин. „Една страна, во случајов Русија, е способна да ги заштити честа и достоинството на своите граѓани, да ги заштити нивните животи, и нема да биде изолирана, и покрај блоковското мислење на нашите партнери во Европа или во САД. Светот не завршува со Европа или САД“, напомена Путин.


Наjновo од Вести
ЕУ да даде објективна оценка за настаните во Јужна Осетија
Косовар планирал атентат врз британскиот премиер
Грчки интернет страници нападнати од "Македонската Сајбер Елита"
Во судири во Пакистан убиени 26 лица
Во судири во Пакистан убиени 26 лица
Во Мароко уапсени 15 членови на терористичка група поврзана со Ал Каеда
Грузија ги прекина дипломатските односи со Русија
Нестеренко: Русија се надева дека ЕУ ќе направи разумна анализа на руско-грузиската криза
Молдавија е против признавањето на независноста на Јужна Осетија и Абхазија
Тројца милитантни екстремисти обвинети за заговор против Гордон Браун и Тони Блер
Фереро-Валднер: ЕУ нема да ги прекине дипломатските врски со Русија
Дејвид Милибанд: Русија не смее да госодари со сфери на влијание до нејзините граници
Косачов: Признавањето на Јужна Осетија не го менува рускиот став за Косово
ЕУ нема да воведи санкции за Русија, тврдат француски извори
„Дејли Телеграф“: Русија ќе ја прекина испораката на нафта ако ЕУ налож санкции против Москва
Infected Mushroom
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи