петок, 03.09.2010

  IDIVIDI Мени
Вести / Европа

Украина ќе продолжи по патот кон ЕУ и НАТО

Киев, 5 септември (МИА) - Украина ќе продолжи напред со напорите за присоединување кон ЕУ и НАТО и покрај распаѓањето на прозападната коалиција, изјави претседателот Виктор Јушченко во интервју за весникот „Фајненшл тајмс“.

Јушченко тврди дека Русија имала влијание во разгорувањето на политичката криза. На прашањето дали има докази за тоа, тој одговори дека неговиот некогашен сојузник Јулија Тимошенко  разговарала со „сили надвор од земјата“. - Ова не е сосема украински производ, изјави тој во коментарот за уривањето на коалицијата.

- Украина ќе се придржува кон својата прозападна надворешна политика и ќе ја надмине третата политичка криза по „портокаловата револуција“ во 2004 година,  изјави шефот на украинската држава.

Неколку часа пред американскиот потпретседател Дик Чејни да пристигне во Киев, со цел да изрази поддршка за земјата, Јушченко истакна дека кризата може да предизвика само минимално забавување во исполнувањето на внатрешно-политичките цели на земјата, меѓу кои се потпишувањето на договорот за поблиска соработка со ЕУ во текот на следната недела и започнувањето на процесот за членство во НАТО.

Јушченко најави дека ќе биде пронајдено демократско решение меѓу спротивставените партии во Киев, додавајќи дека дури и да биде формирана коалиција од проруски партии, кои се против ЕУ и НАТО, поддршката за членство во двете организации ќе остане  голема.

- И покрај политичката криза Украина ќе остане надежен соработник во западните напори за изградба на регионална безбедност, објасни Јушченко.

Тој ги повика западните сили да го поддржат брзиот прием на неговата земја во ЕУ и НАТО, бидејќи црноморскиот регион има „вакуум во колективната безбедност“, а единствено таа може да донесе стабилност.



Фото експрес
Наjновo од Вести
Најмалку едно лице загина во самоубиствен напад во Таџакистан
Премиера на „Црвената магија“ во Струмичкиот театар
„Гардијан“: Притисок на ЕУ врз Белград да почне разговори со косовските власти
Најмалку пет луѓе загинаа во новите шумски пожари што ја зафатија Јужна Русија
Во Делчево почнува манифестацијата „Пијанечко - малешевска свадба“
При напад на ФАРК загинаа 14 полицајци
Јапонија наложи дополнителни санкции против Иран
Нови пожари во Русија
Британскиот министер Хејг го поздрави обновувањето на израелско-палестинските преговори
АФП сака да биде достапна и за пошироката публика
Функцијата на Кадиров преименувана во - раководител на република
Владата на Шкотска предлага минимална цена за алкохолните пијалоци за да го намали пијанчењето
Шокантно тврдење на педофил за малечката Меделин
Европската комисија бара објаснувања од Париз за положбата на Ромите
Холанѓанка осомничена за убиство на нејзините три бебиња
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
ТВ програма
Deutsche Welle
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
 
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, сите права задржани : Македонски Телеком - 2004
преземи