петок, 03.09.2010

  IDIVIDI Мени
Вести / Европа

Изградбата на нова руска империја е крајната цел на Владимир Путин

Лондон, 5 септември (МИА) - Изградбата на нова руска империја е крајната цел на Владимир Путин, а она што засега не се знае е до каде Русија е подготвена да оди за да ја исполни таа цел, пишува лондонскиот весник „Дејли телеграф“.

Како што јави дописникот на МИА од Лондон, весникот наведува дека додека Западот има проблеми околу тоа како да одговори на последиците од „дрското руско крадење“ на делови од територијата на Грузија, од Москва пристигнуваат сигнали дека таму нема возбудување поради меѓународната осуда на анексијата на Абхазија и Јужна Осетија, туку најавување дека тоа може да биде почетокот во настојувањето да се поврати империјалниот сјај.

Она што никој во овој момент не го знае е дали во Москва постои план за тоа до каде руската империја би можела да се проширува, забележува лондонскиот весник.

Со критика на новата руска политика се осврнува и „Гардијан“ кој вели дека тактичката победа на Русија во Грузија не и донесе ништо, освен изолација. Руската Влада по воената интервенција врз грузиската територија се обидува од светот да добие поддршка за својата акција, но таа целсоно изостана.

- Од една голема сила се очекува да повлекува внимателни и мудри потези, но кога тоа нема да се случи останува заклучокот дека таа земја не е ниту голема, ниту моќна, тврди лондонскиот весник. „Гардијан“ истовремено му забележува на Западот дека планот за ширењето на НАТО до границите на Русија „би требало да се изведува повнимателно“, без разлика што мотивот за таквото ширење е мотивиран од стравувањето на новите и потенцијалните членки на Алијансата, за идните можни потези на Москва.

Весникот смета дека и поставувањето на ракетниот штит во Чешка и Полска е, како што вели, „непотребна провокација“, иако тој не претставува никаква воена закана за Русија. Според „Гардијан“, НАТО нема да го запре започнатиот процес, а Русија ќе продолжи да се спротивставува на тоа, повлекувајќи нови и контрапродуктивни потези.



Фото експрес
Наjновo од Вести
Најмалку едно лице загина во самоубиствен напад во Таџакистан
Премиера на „Црвената магија“ во Струмичкиот театар
„Гардијан“: Притисок на ЕУ врз Белград да почне разговори со косовските власти
Најмалку пет луѓе загинаа во новите шумски пожари што ја зафатија Јужна Русија
Во Делчево почнува манифестацијата „Пијанечко - малешевска свадба“
При напад на ФАРК загинаа 14 полицајци
Јапонија наложи дополнителни санкции против Иран
Нови пожари во Русија
Британскиот министер Хејг го поздрави обновувањето на израелско-палестинските преговори
АФП сака да биде достапна и за пошироката публика
Функцијата на Кадиров преименувана во - раководител на република
Владата на Шкотска предлага минимална цена за алкохолните пијалоци за да го намали пијанчењето
Шокантно тврдење на педофил за малечката Меделин
Европската комисија бара објаснувања од Париз за положбата на Ромите
Холанѓанка осомничена за убиство на нејзините три бебиња
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
ТВ програма
Deutsche Welle
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
 
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, сите права задржани : Македонски Телеком - 2004
преземи