
|
 |
Вести / Европа
|
|
Полска истражува наводи за затвори на ЦИА во државата
Варшава, 5 септември (МИА) - Обвинителството во Варшава води истрага за извештаи за затвор на ЦИА во Полска во кој наводно, чуварите користеле методи кои се граничат со мачење за време на испрашување луѓе осомничени за членство во Ал Каеда, изјави денеска главниот осветник на полскиот премиер.
Полските медиуми денеска јавија дека доверливи извештаи на полската разузнавачка служба покажуваат дека во земјата постоела база на ЦИА.
- Не сум запознат со такви извештаи, а мислам дека ниту премиерот Доналд Туск не знае, изјави Славомир Новак.
- Премиерот сепак, побара од министерот за правда да ги појасни тие наводи, а од обвинителството да истражи евентуално постоење затвори на ЦИА во Полска, додаде Новак.
Советот на Европа, Европскиот парламент и Европската комисија во одвоени извештаи заклучија дека постоеле такви затвори во Полска и Романија.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|