
|
 |
Вести / Европа
|
|
Данците плаќаат најскапа храна во ЕУ
Гетеборг, 5 септември (МИА) – Жителите на Данска трошат најмногу пари за прехранбени производи. Само годинава цените на храната се зголемиле преку 10 проценти и сега Данската се наоаѓа на 42 проценти повисоко ниво од просекот во рамките на ЕУ, пишува данскиот дневен весник „Берлингске тиденде“.
Економските експерти не веруваат дека ќе биде можно намалување на цените во Данска во блиска иднина, туку напротив се очекуваат нови покачувања, јави дописникот на МИА.
Намалувањето на цените на суровините веројатно нема да се забележи во продажната мрежа, бидејќи, како што се проценува, зголемувањето на трговските трошоци ќе ја анулира таквата промена.
– Подолгорочно гледано ќе се соочиме со уште поголем раст на цените, вели Хенрик Собе, директор на Институтот за прехранбени производи при Универзитетот во Копенхаген.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|