
|
 |
Вести / Европа
|
|
Конфликтот во Грузија нема да се одрази врз плановите за изградба на гасоводот „Набуко“
Лондон, 5 септември (МИА) - Грузискиот конфликт не влијае на плановите за изградба на гасоводот „Набуко“ од Каспиското Море до Европа, заобиколувајќи ја Русија, изјави раководителот на проектот Рејнхард Мичек во интервју за лондонскиот весник „Фајненшл тајмс“.
Според Мичек, настаните во Грузија нема да се одразат врз плановите за пуштање во употреба на проектот, што е предвидено за 2013 година.
Една од заобиколниците на гасоводот започнува на турско-грузиската граница. Паневропскиот проект со должина од 3.300 километри има за цел да пренесува гас од Каспиското Море до Австрија преку Турција, Бугарија, Романија и Унгарија.
Мичек, исто така, тврди дека „Набуко“ не е непотребен имајќи го предвид и другиот гасовод „Јужен поток“, кој ќе ги задоволува побарувањата на речиси истите пазари. Тој објасни дека „двата проекта не се конкурентски“ поради очекувањата дека во следните 20 години ќе биде зголемена побарувачката на гас во Европа.
Двата конзорциуми предвидуваат годишно да пренесуваат по 30 милијарди метри кубни гас.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|