петок, 03.09.2010

  IDIVIDI Мени
Вести / Европа

Побарана итна проверка на авионите „Боинг-777“ и моторите на „Ролс Ројс“

Лондон, 5 септември (МИА) - Итна проверка е побарана за авионите од типот „Боинг-777“ и авионските мотори „Ролс Ројс“, со кои тие се опремени, откако британската специјална комисија, која го испитуваше уривањето на авионот на „Бритиш Ервејз“ на лондонскиот аеродром Хитроу, утврди дека „најверојатно мразот создаден на големи височини“, предизвикал блокирање на протокот на гориво до моторите на леталото, што била причина за инцидентот.

Во јануари оваа година среќно заврши инцидентот со „тврдото приземјување“ на „Боингот-777“ на британската компанија „Бритиш Ервејз“, кога поради наглото губење на силата на моторите, во завршната фаза од атерирањето, леталото се спушти пред пистата на „Хитроу“ и со скршени тркала и тешко оштетени крилја, лизгајќи се на долниот дел од трупот, запре стотина метри подалеку. Никој во овој тежок инцидент не беше повреден, иако авионски екпсерти велат дека само секунди недостасувале за да се случи голема авионска катастрофа.

Како што јави дописникот на МИА од Лондон, британската истражна комисја сега бара проверка на околу 700 авиони од типот „Боинг-777“ и на повеќе од 200 мотори на „Ролс Ројс“ за да се утврди дали она што му се случи на авионот на „Бритиш Ервејз“, може да ги погоди и другите авиони.

Во наодите на Комисијата, што беа публикувани вчера попладне, се наведува дека мразот во системот за гориво се создал поради „исклучително ниските температури" на кои наишол „Боингот“ на британската авионска компанија, додека го надлетувал Сибир на својата редовна линија од Пекинг до Лондон.



Фото експрес
Наjновo од Вести
Најмалку едно лице загина во самоубиствен напад во Таџакистан
Премиера на „Црвената магија“ во Струмичкиот театар
„Гардијан“: Притисок на ЕУ врз Белград да почне разговори со косовските власти
Најмалку пет луѓе загинаа во новите шумски пожари што ја зафатија Јужна Русија
Во Делчево почнува манифестацијата „Пијанечко - малешевска свадба“
При напад на ФАРК загинаа 14 полицајци
Јапонија наложи дополнителни санкции против Иран
Нови пожари во Русија
Британскиот министер Хејг го поздрави обновувањето на израелско-палестинските преговори
АФП сака да биде достапна и за пошироката публика
Функцијата на Кадиров преименувана во - раководител на република
Владата на Шкотска предлага минимална цена за алкохолните пијалоци за да го намали пијанчењето
Шокантно тврдење на педофил за малечката Меделин
Европската комисија бара објаснувања од Париз за положбата на Ромите
Холанѓанка осомничена за убиство на нејзините три бебиња
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
ТВ програма
Deutsche Welle
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
 
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, сите права задржани : Македонски Телеком - 2004
преземи