
|
 |
Вести / Европа
|
|
Рајс: Русија се самоизолира со конфликтот во Грузија
Лисабон, 5 септември (МИА) - Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс изјави дека Русија ќе ја продлабочи својата изолација, ако не го испочитува ветувањето во врска со Гризија, кое го даде пред конфликтот.
Рајс, која се наоѓа во посета на Португалија, ја повика Русија да го промени однесувањето во пресрет на клучната посета на Москва на делегација од ЕУ, на чело со францускиот претседател Никола Саркози.
Според Рајс, реакцијата на Западот на конфликтот во Грузија и попречила на Русија да ги постигне стратешките цели од периодот пред конфликтот.
Португалскиот министер за надворешни работи Луиш Амаду изјави дека е исклучително важно Западот да остане единствен во позициите кон Русија и истакна дека евентуална поделба би имала многу опасни последици.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|