
|
 |
Вести / Европа
|
|
Британските синдикати го обвинија Гордон Браун за предавство на лабуристичките симпатизери
Лондон, 5 септември (МИА) - Лидерот на најголемата британска синдикална организација Тони Вудли денеска го обвини премиерот Гордон Браун за „предавство на оние кои ги поддржуваат и симпатизираат лабуристите“.
Како што јави дописникот на МИА од Лондон, Вудли побара од премиерот Браун да изврши радикален пресворт во својата досегашна политика и да го зголеми интерсот за, како што рече, обичните луѓе.
- Доколку тоа не се случи, Браун и лабуристите не би требало да се изненадат кога по следните парламентарни избори ќе се најдат во опозиција, изјави британскиот синдикален лидер.
Обвинувањето на синдикатите доаѓа по одлуката на Браун да не се исплаќа паричен надомест за најсиромашните слоеви во британското општество погодени со годинешново значително поскапување на услугите во снабдувањето со гас и струја.
Поголема група лабуристички пратеници најавија дека ќе протестираат кај својот лидер, барајки владина интервенција поради се поголоето поскаување на енергијата и доделување финансиска помош за најсиромашните семејства.
Критиките на сметка на британскиот премиер, доаѓаат само 24 часа по барањето на поранешниот министер Чарлс Кларк, Браун да поднесе оставка ако во најкус рок, во следните неколку месеци, не преземе мерки за враќање на угледот и позициите на Лабуристичката партија и ако не успее да се справи со економската криза која се повеќе ја притиска Велика Британија.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|