вторник, 02.12.2008

  IDIVIDI Мени
Вести / Европа

Штрајкот на синдикатите го прекина јавниот и железничкиот сообраќај во Белгија

Брисел, 6 октомври (МИА) - Во Белгија денеска има национален штрајк на синдикатите поради што јавниот сообраќај е многу отежнат, а железничкиот сообраќај на линиите на брзите возови „Евростар“ и „Талис“ е во прекин во двата правци.

Во Брисел нема трамваи, а работат само дел од автобуските и метро линиите, соопшпти потпаролот на компанијата за јавен сообраќај СТИБ.

Тешкотии има и во железничкиот сообраќај за внатрешноста, додека двете главни железнички станици во Брисел - Брисел југ и Брисел центар се затворени.

Железничкиот сообраќај на „Евростар“ на линиите Брисел-Лондон и Брисел-Лил ќе биде во прекин до 22 часот, како и линиите на брзите возови на „Талис“ која Белгија ја поврзуваат со Франција, Холандија и Германија, соопшти Фредерик Пти портпарол на белгискиот железнички оператор Инфрабел. Нема да има железнички сообраќај од Валонија, додека од Фландрија сообраќајот ќе биде ограничен со одложување.

Синдикатите протестираат затоа што Владата не успеа да одговори на зголемувањето на цените и ја повикуват да преземе чекори за ублажување на последиците од инфлацијата.

Синдикатите соопштија дека сакаат да и испратат јасна порака на Владата пред таа на 14 октомври во Парламентот да го поднесе предлог-буџетот за 2009 година.


Наjновo од Вести
Во Гостивар на автобуската станица нападнти двајца полицајци
Здружението на блогери реагира на некои медиумски заклучоци дека презентираат неточна слика за одредени појави
ОН: Дваесет патници се удавиле откако шверцери ги натерале да излезат од бродот
Косовски Албанци протестираат против планот за распоредување на Еулекс
Министерката Јанкулоска го означи почетокот на „Неделата на борба против трговија со луѓе“
Светот го одбележува Меѓународниот ден на укинување на ропството
Кривични пријави за четири лица за сторени 18 кривични дела „измама“
Во Шпанија најголема невработеност во последните 12 години
Фратини: Односите со Русија се од стратешко значење за НАТО
На Етна пронајден мртов фотограф
Украинските парламентарци не го избраа новиот претседател на Врховната Рада
Новата австриска влада даде заклетва пред претседателот Хајнц Фишер
Холандиja ја забрани продажбата на свежи халуциногени печурки
Британскиот уметник Марк Леки ја доби наградата "Тарнер"
Советот на НАТО на ниво на шефови на дипломатии заседава во Брисел
Цените на пијалоците во ирските пабови една година ќе бидат непроменети поради кризата
ЕУ со договор за намалување на штетните гасови од автомобилите од 2012 година
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Астрономија
Deutsche Welle
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи