
|
 |
Вести / Европа
|
|
Отворена истрага за тврдењето дека британската Метрополитен полиција е зафатена со расизам
Лондон, 6 октомври (МИА) - Градоначалникот на Лондон, Борис Џонсон наложи отворање на итна истрага за тврдењето дека во Метрополитен полицијата има расизам и нееднаков третман кон припадниците на малцинствата вклучени во полициските редови, јави дописникот на МИА од Лондон.
Налогот за отворање истрага доаѓа само 24 часа по соопштението на Асоцијацијата на полицајците-црнци во кое таа побара луѓето од малцинските групи во Британија да ги бојкотираат регрутните центри за нови полицајци и да не се приклучуваат во полициските редови.
Полицајците-црнци и азијците-муслимани тврдат, дека се изложени на „расистички притисок“, обвинувајќи ги полициските власти дека ним не им е овозможен напредок во кариерата, каков што имаат полицајците-белци, дека тие се многу почесто казнувани и сомничени за сторен престап против правилата на полицијата, како и тоа дека мора некаде да работат и по 12 часови на ден.
Во соопштението на Асоцијацијата се вели дека морале да се огласат со барање за бојкот затоа што, како што велат, ситуацијата кон нив е непријателска и расистичка.
Градоначалникот Џонсон ги нема овластувањата да раководи со полицијата, како што ги има градоначалникот на Њујорк, кој е надлежен за тамошната полиција, но тој се сретна денеска со полициските власти и со нив расправаше за обвинувањата и повикот за бојкот, објаснувајќи го тоа со своите предизборни ветувања, дека лондончани имаат потреба од полиција која целосно е насочена кон она за што постои, што според него, сега не може да се постигне затоа што во полициските редови нема единство.
Полицијата предводена од досегашниот комесар Иан Блер, кој минатата недела поднесе оставка, откако градоначалникот му соопшти дека сака нов човек на неговата функција, како и другите високи полициски функционери, постојано ги отфрлаа обвинувањата за расизам.
Според податоците на Метрополитен полицијата, меѓу новите регрути во полициските академии, 20 отсто се од редовите на малцинствата.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|