вторник, 02.12.2008

  IDIVIDI Мени
Вести / Европа

Британските економисти предупредуваат на долга и длабока рецесија и зголемена невработеност

Лондон, 6 октомври (МИА) - Британските економски експерти од најголемите домашни и странски банки во лондонскиот Сити, ја предупредија денес Владата на премиерот Гордон Браун од „долгата и длабока рецесија, како и од зголемената невработеност" која се надвиснува врз земјата и покрај интервенцијата со 700 милијарди долари на Владата во Вашингтон, за спасување на Вол Стрит и банкарскиот и финансискиот систем.

Според тврдењето на експертите ангажирани во Ројал Банк оф Скотланд, ЈП Морган, Креди Суис и Сити бенк, сегашните натамошни вложувања на економската клима во Британија, која ќе има два едноподруго тримесечија без раст во домашната економија, значат дека земјата ќе стартува во 2009 година со рецесија, која „по се изгледа ќе продолжи".

Тие предвидуваат дека забавувањето на растот на корпорациите следната година ќе се  движи позабрзано од досега, па кај нив се очекува поголем пад од оној во претходните рецесии, забележани во 1974,1981 и 1991 година. Тоа како што велат британските експерти може да предизвика зголемување на невработеноста за уште еден милион луге.

Претставници на британските трговци на нови автомобили соопштија дека продажбата на коли е намалена пети месец по ред и сега е помала за 22 отсто во споредба со минатата година. Само за еден месец продажбата е помала за една петина, при што е достигнато најниско ниво од 1991 година.

Во таква атмосфера во Дауниг стрит 10 почна првата седница на новоформираниот британски национален економски совет, во кој членуваат 17 владини министри и со кој заседава премиерот Браун, јави дописникот на МИА.

Врз него и врз министерот за финансии се врши силен притисок да донесат радикални мерки за обезбедување на британските штедачи, по углед на гаранциите на германската Влада, соопштени вчера, за заштита на сите приватни депозити во германските банки.

Такви мерки за гарантирање на штедењето донесоа и владите на Шведска и Данска, а претходно Ирска и Грција.


Британската Влада соопшти, дека основната цел на сотанокот на економскиот совет е настојувањето да им се помогне на луѓето во новонастанатата ситуација во земјата, по поскапувањето на храната и на енергетските суровини.


Наjновo од Вести
Во Гостивар на автобуската станица нападнти двајца полицајци
Здружението на блогери реагира на некои медиумски заклучоци дека презентираат неточна слика за одредени појави
ОН: Дваесет патници се удавиле откако шверцери ги натерале да излезат од бродот
Косовски Албанци протестираат против планот за распоредување на Еулекс
Министерката Јанкулоска го означи почетокот на „Неделата на борба против трговија со луѓе“
Светот го одбележува Меѓународниот ден на укинување на ропството
Кривични пријави за четири лица за сторени 18 кривични дела „измама“
Во Шпанија најголема невработеност во последните 12 години
Фратини: Односите со Русија се од стратешко значење за НАТО
На Етна пронајден мртов фотограф
Украинските парламентарци не го избраа новиот претседател на Врховната Рада
Новата австриска влада даде заклетва пред претседателот Хајнц Фишер
Холандиja ја забрани продажбата на свежи халуциногени печурки
Британскиот уметник Марк Леки ја доби наградата "Тарнер"
Советот на НАТО на ниво на шефови на дипломатии заседава во Брисел
Цените на пијалоците во ирските пабови една година ќе бидат непроменети поради кризата
ЕУ со договор за намалување на штетните гасови од автомобилите од 2012 година
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Астрономија
Deutsche Welle
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи