
|
 |
Вести / Европа
|
|
Сан: Синџирот кафетерии Старбакс троши дневно 23 милиони литри вода за пиење
Лондон,6 октомври (МИА) - Американскиот синџир на популарни кафетерии "Старбакс" е обвинет денеска од екологистите за "неразумно трошење и расфрлање" со водата,откако беше откриено дека неговите локали трошат 23 милиони литри вода за пиење, јави дописникот на МИА од Лондон.
Истражувањето што го направи лондонски Сан, низ неговите кафулиња во разни делови од светот,покажа дека во десете илјади локали,колку што ги има Старбакс, секој ден се троши толку вода за пиење колку што се доволни за да ги задоволат потребите на повеке од два милиони луге во,со суша погодената Намибија,или секој 83 минути да се полни базен со олимписки димензии.
Причината за ваквото "расипништво" на најголемата компанија за пиење кафе во светот,според Сан се должи на забраната од управата на Старбакс да се затвораат славините за вода во текот на работењето на кафулињата,поради здравствени причини.
Во компанијата строго се придржуваат на прописот дека постојано отворените славини и низ истекувањето на водата се уништуваат бактериите што може да се задржат низ инсталацијата за вода.
Во Британија има 698 локали на Старбакс кои секој ден работат по 13 часови.
Истражувањето на весникот утврди дека тие трошат 1,6 милиони литри вода дневно.
Компанијата е создадена во Сиетл во 1971 година,како фирма која ке се занимава со продавање на кафе во зрно. Новиот сопственик во 1987 година ја пренаменува компанијата во синџир од кафулиња,по углед на синџирот за брза исхрана Мекдоналдс. Името Старбакс компанијата го носи по еден од ликовите во романот Моби Дик.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|