вторник, 02.12.2008

  IDIVIDI Мени
Вести / Европа

Занимливости поврзани за Нобеловите награди

Стокхолм, 6 октомври (МИА) - По повод доделувањето на Нобелови награди дел занимливости поврзани за тоа признание.

Жените ретко добиваат Нобелова награда - помалку од пет отсто лауреати во сите категории.

Нобелова награда за физика, добиле само две жени: Марија Кири, 1903 година и Американката Марија Геперт Мајер, 60 години подоцна.

На листата на Нобелови награди за мир се наоѓаат 12 жени, а на листата за литература 11 жени, од кои последната е британска авторка, Дорис Лесинг.

За добитници на Нобеловите награди нема старосна граница.

Американскиот економист Леонид Харвиц, минатата година стана најстариот лауреат, примајќи ја наградата на 90 години. Британецот Лоренс Бранд имаше само 25 година кога во 1925 година доби Нобелова награда за физика кој ја подели со својот татко.

Се случува некои лауреати да ја одбијат наградата.

Францускиот филозоф и писател Жан Пол Сартр, одби да ја прими наградата во 1964 година наведувајќи како причина - принцип одбивање на сите официјални почести.

Виетнамскиот политичар Ле Дук То, ја одбил Нобеловата награда за мир која му е доделана во 1973 година со американскиот државен секретар Хенри Кисинџер  за постигнување договор за мир во Виетнам. Објасни дека во неговата земја и понатаму немаше мир.

Адолф Хитлер бил толку налутен што Нобеловата награда за мир  во 1936 година  му беше доделена на германскиот пацифист и дисидент, Карл фон Осички, што забранил германски лауреати да ги примаат наградите.

Добитниците на Нобелова награда по хемија, Ричард Кун и Адолф Бутенант како и добитникот на Нобелова награда за медицина, Герхард Домаг не можеле да патуваат во Шкотска и да ги примат наградите. Признанијата им се доделени по завршувањето на Втората светска војна.

Некои големи луѓе кои со своите дела заслужуваат да станат нобеловци, но меѓутоа останаа заборавени.

Меѓу нив е Махатма Ганди, икона на ненасилството во 20 век, кој никогаш не добил Нобелова награда за мир покрај петте номинации од кои последната била непосредно пред неговото убиство во јануари 1948 година.

Членовите на Одборот за доделување награди биле загрижени поради тој пропуст.


Наjновo од Вести
Прекината седницата на собраниската Комисија за здравство
НУБ „Св. Климент Охридски“ одбележа сто години од раѓањето на Кочо Рацин
Во Милано уапсени двајца осомничени терористи
Најмалку 14 повредени во судири на Западниот Брег
ТК - Прилеп најавува навремен откуп на тутунот и исплата за максимум три дена
Христофиас и Талат забележаа напредок за прашања поврзани со управувањето на Островот во случај на обединување
Најава за прекин на штрајкот во Гостиварско
Во Шпанија најголема невработеност во последните 12 години
Фратини: Односите со Русија се од стратешко значење за НАТО
На Етна пронајден мртов фотограф
Украинските парламентарци не го избраа новиот претседател на Врховната Рада
Новата австриска влада даде заклетва пред претседателот Хајнц Фишер
Холандиja ја забрани продажбата на свежи халуциногени печурки
Британскиот уметник Марк Леки ја доби наградата "Тарнер"
Советот на НАТО на ниво на шефови на дипломатии заседава во Брисел
Цените на пијалоците во ирските пабови една година ќе бидат непроменети поради кризата
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Астрономија
Deutsche Welle
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи