
|
 |
Вести / Европа
|
|
Москва побара од Лондон да и го предаде нафтениот бос Михаил Гуцериев
Москва, 7 октомври (МИА) - Русија побара од Велика Британија да го екстрадира рускиот нафтен бос Михаил Гуцериев, бараан во татковината за прикривање даноци. Барањето за предавање на Гуцериев може да предизвика уште еден, последен во низата, дипломатски инциденти меѓу Москва и Лондон, забележуваат агенциите.
Русија веќе ја напаѓа Велика Британија за прифаќањето на своја територија на олигархот Борис Березовски кого Москва го бара заради злоупотреби. Русија минатата година одби да им го предаде на британските правосудни органи осомничениот за убиството на Александар Литваненко, што потоа предизвика бркање на дипломати од двете земји.
Руското обвинителство тврди дека Михаил Гуцериев, поранешен шеф на нафтената компанија „Русњефт“, се наоѓа во Велика Британија и настојува тој да и биде предаден за да го изведе пред судот. Бизнисменот изјавува дека обвиненијата против него се фабрикувани, за тој да биде отстранет од компанијата.
Барањето за екстрадирање на Гуцериев Москва го испратила до Министерството за внатрешни работи во Лондон уште на 29 јули.
Денеска портпаролот на обвинителството изјави дека Москва веќе два месеца чека одговор на барањето, но дека тој се уште не е пристигнат.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|