
|
 |
Вести / Европа
|
|
Генерално собрание на Интерпол
Санкт Петербург, 7 октомври (МИА) - Во Санкт Петербург од денеска до петок ќе се оддржи 77-то Генерално собрание на Меѓународната организација на криминалната полиција (Интерпол)).
На форумот ќе биде разгледана можноста за ширење на пристапот на националните податоци до базите за податоци на организацијата, како и подготовката на полициски кадри, посочува Итар Тасс.
-Добивајќи брз пристап до овие бази на податоци, вработените во полицијата во земјите членки ќе можат целосно да ги користат информациските ресурси на Интерпол, изјави началникот на руското Национално централно биро на Интерпол, генерал мајор Тимур Лахонин.
Генералното собрание ќе го разгледа и прашањето за искористување на најсовремените технологии при подготвувањето квалификувани кадри за полицијата, додаде тој.
Во дневниот ред на собранкето е вклучена и темата за спротивставувањето на најопасните форми на транснационален криминал како што се меѓународниот тероризам, корупцијата, шверцот на наркотици, трговијата со луѓе, сексусалната експлоатација на деца, криминалот во областа на интелектуалната сопственост, како и трагањето по криминалци преку каналите на Интерпол, дополни Лахонин.
На сесијата ќе биде разгледана и молбата на Ватикан да биде примена во организацијата, а ако кандидатурата и биде прифатена таа ќе стане 187-та држава членка на Интерпол.
Меѓународната организација на криминалистичката полиција е формирана во 1923 година поради неопходноста од консолидирањето на напорите на националните полиции во борбата со најопасниот криминал со меѓународен предзнак.
Централата на организацијата се наоѓа во францускиот град Лион.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|