вторник, 02.12.2008

  IDIVIDI Мени
Вести / Европа

Бан Ки-мун: Трагичните настани на Кавказот во август не беа целосно неочекувани

Њујорк, 7 окотомври (МИА) - Трагичните настани во август годинава на Кавказот, кои предизвикаа човечко страдање и закана за дестабилизацијата на целиот регион, не беа целосно неочекувани, се вели во синоќа објавениот извештај на генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун.

- Во последните неколку години јас обраќав внимание на сериозно влошените односи меѓу грузиската и абхазиската страна. Во втората половина на 2008 тие односи станаа најлоши од повеќе години досега, се вели во документот.

Според Бан Ки-мун, на развојот на настаните во регионот извршиле влијание и редица надворешни случувања, вклучувајќи ги и настаните поврзани со Косово.

- Самопрогласувањето на независноста на Косово и нејзиното признавање од многу држави помогна за создавање на општа клима на поларизација, при што стана се потешко да се преземат заеднички меѓународни напори за спречување на регионални конфликти, смета генералниот секретар на ОН.

И покрај тоа што по завршувањето на воените дејствија минаа речиси два месеци, ситуацијата во некои места не е целосно разјаснета. Во моментот се водат консултации по прашањето за создавање на меѓународни механизми, предвидени со договорот за прекин на огнот од 12 август, додаде Бан Ки-мун.

Тој истакна дека условите при кои мисијата на ОН за набљудување во Грузија дејствувала за време на претходите 14 години, значително се променија. - Во такви услови многу е рано да се определи улогата која мисијата би можела да ја има во иднина, рече генералниот секретар на ОН.


Наjновo од Вести
Прекината седницата на собраниската Комисија за здравство
НУБ „Св. Климент Охридски“ одбележа сто години од раѓањето на Кочо Рацин
Во Милано уапсени двајца осомничени терористи
Најмалку 14 повредени во судири на Западниот Брег
ТК - Прилеп најавува навремен откуп на тутунот и исплата за максимум три дена
Христофиас и Талат забележаа напредок за прашања поврзани со управувањето на Островот во случај на обединување
Најава за прекин на штрајкот во Гостиварско
Во Шпанија најголема невработеност во последните 12 години
Фратини: Односите со Русија се од стратешко значење за НАТО
На Етна пронајден мртов фотограф
Украинските парламентарци не го избраа новиот претседател на Врховната Рада
Новата австриска влада даде заклетва пред претседателот Хајнц Фишер
Холандиja ја забрани продажбата на свежи халуциногени печурки
Британскиот уметник Марк Леки ја доби наградата "Тарнер"
Советот на НАТО на ниво на шефови на дипломатии заседава во Брисел
Цените на пијалоците во ирските пабови една година ќе бидат непроменети поради кризата
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Астрономија
Deutsche Welle
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи