
|
 |
Вести / Европа
|
|
Путин би сакал локалните власти да престанат со именување улици со неговото име
Москва, 6 октомври (МИА) - Рускиот премиер Владимир Путин би сакал локалните власти да престанат со именување улици со неговото име и со поставување негови бисти, изјави денеска портпарол на Путин.
Властите во Чеченија вчера именуваа една од улиците во Грозни по името на рускиот премиер.
Портпаролот Дмитриј Песков изјави денеска дека Путин неколкупати изјавил оти нема право ниту можност да врши притисок врз кого било, но би препочитал да не се случуваат такви нешта.
- Тој во принцип не го поддржува тоа, изјави Песков.
Путин два мандата беше претседател на Русија и е исклучително популарен во Русија, но оние што го критикуваат обвинуваат дека сака да создаде во советски стил - култ кон себеси, наведуваат западни медиуми.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|