вторник, 02.12.2008

  IDIVIDI Мени
Вести / Европа

Јушченко ја предупреди Врховната рада на можоста да биде распуштена

Киев, 6 октомври (МИА) - Претседателот на Украина Виктор Јушченко го предупреди денеска Парламентот - Врховната рада, дека може да ја распушти.

Јушченко, како што се наведува во соопштението од неговиот кабинет, напомена дека пратениците заборавиле на својата клучна задача, создавање закони.

- Наместо тоа на дневен ред е бесконечната борба за власт, се нагласува во пораката до пратениците, во која се додава дека Јушченко дал уште една шанса за формирање на парламентарното мнозинство.

- Подготвен сум да ја прифатам секоја коалиција, која се формира во согласност со барањата на Уставот, нагласи Јушченко.

Тој оцени дека уште едни предвремени избори би можеле да бидат „стрес за земјата“ и оти „вонредните избори се радикален, но и уставен и целосно демократски пат на решавање на кризната состојба“.

- Доколку политичките сили не покажат способност да постигнат договор, не успеат да го постават националниот и државен интерес над сопствените лични амбиции за власт и корпоративни интереси, како претседател ќе го искористам моето уставно право и ќе му дадам можност на народот да го има одлучувачкиот збор, наведе Јушченко.

Кабинетот на Јушченко во саботата најави дека претседателот во среда ќе изврши консултации за распуштање на Парламентот, со што тој ден е одреден како рок за политичките сили да се договорат за нова коалиција во Врховната рада.

- Консултациите, закажани за 7 октомври се тој формален момент, по кој де јуре настапува правото на претседателот да го распушти Парламентот, се истакнува во соопштението.

Коалицијата на блокот на премиерката Јулија Тимошенко (БЈТ)  и блокот Наша Украина - Народна самоодбрана се распадна откако пратениците на БЈТ гласаа за закон со кој се намалуваат надлежностите на претседателот.


Наjновo од Вести
Најава за прекин на штрајкот во Гостиварско
Разгледани уште 29 амандмани од поднесените по Предлог - буџетот за 2009 година
Екстремистичка група одговорна за напад во централата на Партијата за правда и развој во Истанбул
Просветните работници да продолжат со наставата
Шврговски: Тврдења на сведокот за атентатот на Глигоров се невистинити
Во Гостивар на автобуската станица нападнти двајца полицајци
Здружението на блогери реагира на некои медиумски заклучоци дека презентираат неточна слика за одредени појави
Во Шпанија најголема невработеност во последните 12 години
Фратини: Односите со Русија се од стратешко значење за НАТО
На Етна пронајден мртов фотограф
Украинските парламентарци не го избраа новиот претседател на Врховната Рада
Новата австриска влада даде заклетва пред претседателот Хајнц Фишер
Холандиja ја забрани продажбата на свежи халуциногени печурки
Британскиот уметник Марк Леки ја доби наградата "Тарнер"
Советот на НАТО на ниво на шефови на дипломатии заседава во Брисел
Цените на пијалоците во ирските пабови една година ќе бидат непроменети поради кризата
ЕУ со договор за намалување на штетните гасови од автомобилите од 2012 година
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Астрономија
Deutsche Welle
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи