
|
 |
Вести / Европа
|
|
Берлускони: ЕУ се ќе преземе за да се избори со финансиската криза
Рим, 6 октомври (МИА) - Италијанскиот премиер Силвио Берлускони денеска изјави дека владите на државите-членки на Европската унија ќе ги преземат сите неопходни мерки за да ја сочуваат финансиската стабилност и да спречи граѓаните да ги изгубат заштедите во банките.
- Сите лидери на ЕУ ќе ги преземат неопходните мерки за да ја сочуваат стабилноста на финансиските системи, изјави Берлускони.
Тој наведе дека мерките подразбираат печатење на пари во централните банки, потоа акции кон поединечни банки, како и мерки со кои ќе бидат сочувани депозитите.
Италијанскиот премиер за време на викендот учествуваше на состанокот во Париз со лидерите на трите земји-членки на ЕУ - Франција, Велика Британија и Германија, европски претсатвници во Г-7. На состанокот се разговараше за изнаоѓање на заеднички одговор на финансиската криза во светот.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|