
|
 |
Вести / Европа
|
|
Дали Виктор Јушченко ќе го распушти украинскиот Парламент, коментираат руските печатени медиуми
Москва, 7 октомври (МИА) - Украинскиот претседател Виктор Јушченко вчера ја посети Велика Британија, со цел да добие европска поддршка за своите внатрешнополитички активности, пишува денеска московскиот весник „РБК дејли“.
Јушченко сака да знае како европските земји би го прифатиле евентуалното распуштање на Врховната рада. За него неопходен е нивниот бгагослов, коментира украински политиколог за денешното издание на весникот.
- Тој се обидува да ги натера европските држави да бидат неутрални кон неговите активности во внатрешната политика, кои обично се поврзани со разните лудории околу укринскиот Устав, истакна за весникот руски експерт.
Одлуката за распуштање на украиснкиот Парламент може да биде донесена уште денеска, откако Јушченко ќе ги заврши предвидените формални консултации со политичките сили. Сепак постојат сериозни правни пречки за распуштање на Радата. Според мнозинството пратеници таа ќе може да ја продолжи работата во денешниот облик, додека новиот состав на Парламентот се собере на првата седница.Други тврдат дека Уставот не дозволува Радата да биде распуштена пред истекот на една година откако е избрана, а дотогаш останува повеќе од еден месец, наведува „РБК дејли“.
Некои експерти сметаат дека за Јушченко би било најдобро да ја распушти Врховната рада што е можно поскоро и да закаже избори следната пролет. Неговите шанси повторно да биде избран за шеф на државата се минимални, објаснуваат политиколозите, цитирани од московскиот весник.
Малку е веројатно да биде формирана нова коалиција во украинскиот Парламент, наведува весникот „Известија“, набројувајќи различни варијанти за развој на настаните. Весникот коментира дека доколку при распад на коалицијата Јушченко не ја распушти Радата и Јулија Тимошенко остане премиер, тогаш тој ќе ги загуби и последните шанси за освојување втор претседателски мандат следната година.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|