
|
 |
Вести / Европа
|
|
Британската Влада преговара со некои домашни водечки банки за да им помогне
Лондон, 7 октомври (МИА) - Британската Влада ги продолжува во Лондон преговорите со „некои од водечките“ домашни банки, околу тоа како да им се помогне на оние кои веќе побараа интервенција од државата, потврдија претставниците на банките, откако беше обелоденето дека сите главни британски банки белажат значителн пад на вредноста на нивите акции при денешното отворанје на берзата.
Како што јави дописникот на МИА од Лондон, Владата соопшти дека „нема да ги коментира шпекулациите“, како што ги нарече најавите, за тоа какво би било можното решение за актуелната финансиска криза.
Во Лондон утринава е соопштено дека Ројал Банк оф Скотланд (РБС), втората по големина банка во Велика Британија, која продолжува да биде најголемиот загубар меѓу домашните банки и Барклис банката, бараат од државата интервенција со 50 милијарди фунти за да се „стабилизира нивното работење“. „Барклис“ во меѓувреме категорично демантираше дека побарала „било каква помош“ од државата, додека РБС банката одби да ги коментира таквите тврдења. Нејзиниот претставник единствено откри дека Владата се уште нема донесено никакво решение за мерките како да им се помогне на банките.
Во разговорите меѓу Владата и банките се расправа околу „структурата за некаква рекапитализација“ на банките, што би се донела во, како што се вели, следните неколку денови.
Зборувајќи синоќа во Долниот дом на британскиот Парламент, министерот за финансии Алистар Дарлинг рече дека Владата ќе направи се што треба и дека за тоа ќе ги употреби сите мерки што и стојат на располагање за да се стабилизира и одржи банкарскиот систем во Велика Британија.
Министерот Дарлинг денеска присуствува на состанокот на министрите за финансии на Европската унија, но три домашни банки, чие име не се открива, побарале од министерот и од Владата да го забрзаат донесувањето на мерките.
Ројал Банк оф Скотланд утринава бележи најголем пад на акциите од 40 отсто, Барклис од 15, Лојдс ТБС од 21, а ХБОС која прва побара и доби спасување со преземањето од страна на помпата Лојдс банка, бележи пад на своите акции за уште 13 отсто. Интернет банката „Ајссеив“ соопшти дека ги прекинала сите готовински исплати за своите штедачи во земјата, откако нејзината компанија-мајка во Исланд беше национализирана од Владата во Рејкјавик.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|