Русија бара екстрадиција од Британија за уште еден свој пребгнат тајкун
Лондон, 7 октомври (МИА) - Руските власти побарале од британската Влада екстрадиција за уште еден свој одбегнат тајкун Михаил Гучерјев, кој се крие во Британија, јави дописникот на МИА од Лондон.
Гучерјев е поранешен раководител на руската нафтена компанија Роснефт, кој побегнал од Русија минатата година поради, како што се вели, „ловот без пресадан“ врз него од страна на државните органи.
Тој во Москва е обвинет затоа што не плаќал данок на државата, како и за други даночни неправилности, но Скај телевизијата тврди дека неговите проблеми со властите се врзани за расправиите во Роснефт, што сега е под државна контрола, околу некои нафтени полиња.
Барањето за екстрадиција на Гучерјев доаѓа по неколкупати досега повтореното барање на руските власти за екстрадиција на Борис Березовски кои веќе има британски азил, обвинет во Москва за неплакање данок, за даночни неправилности и за криминална приватизација.
Русија пак продолжува да изврши екстрадиција на Андреј Луговој поранешен разузнавач на ФСБ, осомничен во Британија за убиството на рускиот дисдент Александар Литвиненко, кој почина во Лондон во ноември 2006 година, откако беше отруен со радиоактивниот полониум 210.
Според британската Скај телевизија, ваквите обвинувања за „неплаќање данок“, какво што се користи и за случајот со Михаил Гучерјев, беа употребени и за осудувањето на Михаил Ходорковски, поранешен сопственик на ликвидираната нафтена компанија Јукос, кој во 2005 година беше осуден на девет години затвор, најмногу, како што се тврди, затоа што одлучи да се вклучи во политиката, како противник на тогашниот претседател, а сега премиер Владимир Путин.
|