вторник, 02.12.2008

  IDIVIDI Мени
Вести / Европа

Русија и Белорусија не се договорија за цената на гасот

Москва, 7 октомври (МИА) - Белорусија и Русија не успеаја да се договорат за условите под кои рускиот природен гас идната година ќе се извезува на пазарот во Белорусија, соопштено е денеска во Москва.

Рускиот премиер Владимир Путин, кој синоќа ја заврши посетата на Белорусија, и белорускиот претседател Александар Лукашенко не успеаја да ги усогласат ставовите околу условите за одобрување нов кредит на Белорусија од две милијарди долари коj би требало да се искористи за отплата на увезените руски енергенси во 2009 година.

Путин и Лукашенко исто така разговараа за неопходноста од создавање нов механизам за одредување на цената на рускиот природен гас за Белорусија. Со претходниот договор предвидено е во 2009 година цената на увозниот руски гас да достигне 80 проценти од европската, а во 2010 година да се зголеми на 90 отсто, што би довело до поскапување на тој енергенс во Белорусија. Поради тоа официјален Минск, пред посетата на Путин, побара да се ублажи динамиката на порастот на цените и како основа за пресметка да се примени важечката тарифа за оваа година.


Наjновo од Вести
Сомалиски пирати не успеале да киднапираат американски патнички брод во Аденскиот залив
Роднина на Садам Хусеин доби втора смртна пресуда
Украинските парламентарци не го избраа новиот претседател на Врховната Рада
Боцевски: Македонија има капацитет уште веднаш да почне со преговорите за членство во ЕУ
Над 150 струмички текстилци отпуштени од работа
Од колера починаа најмалку 484 лица во Зимбабве
Новата австриска влада даде заклетва пред претседателот Хајнц Фишер
Холандиja ја забрани продажбата на свежи халуциногени печурки
Британскиот уметник Марк Леки ја доби наградата "Тарнер"
Советот на НАТО на ниво на шефови на дипломатии заседава во Брисел
Цените на пијалоците во ирските пабови една година ќе бидат непроменети поради кризата
ЕУ со договор за намалување на штетните гасови од автомобилите од 2012 година
Лондон не размислува за воведување на еврото
Во Шпанија уапсени 40 лица поради дистрибуција на детска порнографија
Доналд Туск сака Полска до 2020 година да има нуклеарна централа
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Астрономија
Deutsche Welle
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи