
|
 |
Вести / Европа
|
|
Исланд добива четири милијарди евра помош од Русија за да се спаси од банкрот
Лондон, 7 октомври (МИА) - Премиерот на Исланд Геир Харде потврди дека неговата Влада добила од Русија понуда од четири милијарди евра за спасување на економијата, но објасни дека се уште ништо не е прецизирано, ниту е постигнат договор за тоа.
На прес-конференција во Рејкјавик, што беше директно пренесувана во Британија, премиерот Харде призна дека Исланд побарал помош од „неговите пријатели“, но дека не добил онолку колку што барал, па затоа земјата морала да побара нови пријатели.
Исландскиот премиер, како што јави дописникот на МИА од Лондон, соопшти дека експерти на тамошната Влада веднаш ќе патуваат за Москва на разговори во руската Влада околу деталите и условите под кои Русија го дава заемот.
Претходно беше соопштено дека рускиот премиер Владимир Путин потврдил дека Владата се согласила да му помогне со заем на Исланд за извлекување од сегашната финансиска криза.
Ситуацијата во оваа мала островска земја во северниот Атлантик, во Британија се следи со внимание како да станува збор за домашна тема, затоа што британскиот бизнис е вклучен во исландската економија, а тамошните банки се ангажирани во неколку значајни британски фирми.
Утринава со возбудување беше примена веста дека Интернет банката Ајшејв од Рејкјевик ги запрела исплатите во кеш за британските штедачи, откако нејзината мајка-банка беше национализирана од Владата на Исланд. Премиерот Харде во изјавата за Би-Би-Си, потврди дека штедачите, вклучувајќи ги и британските, ќе добијат „соодветен надомест“ доколку банката што ја има создадено Ајшејв банкротира.
Тој им порача на британските инвеститори дека е „неверојатно оти тие ќе загубат“ поради ситуацијата во која се наоѓа земјата. Британските медиуми вчера соопштија дека Исланд е првата европска држава што се наоѓа пред банкрот.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|