
|
 |
Вести / Европа
|
|
Лавров: Русија и Венецуела нема никого да нападнат (ДПЛ)
Москва 7 октомври (МИА) - Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска го отфрли како целосно незамисливо сценариото за напад на Русија и Венецуела врз САД кое го изнесе американската телевизија Си-Ен-Ен.
- Пред се смислува хипотетички сценарија за сосема незамислива варијанта за напад на САД, би му предложил на Си-Ен-Ен да почне новинарско истражување како се подготвуваше нападот на Јужна Осетија, вклучувајќи и напад на Русија, затоа што на напад на мировници на која било земја во меѓународното право се гледа како на напад на самата земја, рече Лавров во интервју за весникот „Росијскаја Газета“.
Лавров истакна дека Русија и Венецуела немаат планови да нападнат некого туку да соработуваат „исклучиво врз основа на нормите на меѓународното право“.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|