
|
 |
Вести / Европа
|
|
Франција: Обвинителот бара Вилпен да биде вратен пред судот
Париз, 7 октомври (МИА) - Обвинителот во Париз денеска побара поранешниот француски премиер Доминик де Вилпен да биде вратен пред судот за прекршоци за „соучесништво во клевета“ во аферата „Клистрим“.
Вилпен се соочува со обвинение дека работел против актуелниот француски претседател Никола Саркози, во време кога тој беше министер за внатрешни работи.
Вилпен се сомничи дека учествувал во завера на државно ниво со цел да се спречи Саркози да стане шеф на државата.
Обвинителството во јуни оцени дека обвиненијата против Вилпен не се доволни за делото да биде вратено пред судот за прекршоци, но ја промени одлуката по дополнителните информации, што ги доби од судијата и од новото испитување на поранешниот премиер.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|