
|
 |
Вести / Европа
|
|
Франција предлага одржување на самит на Г8 за глобалната финансиска криза
Токио, 7 октомври (МИА) - Франција формално предложи лидерите на земјите на Групата осум на најразвиените земји (Г8) да одржат итен самит на кој би се постигнал договор за начинот на решавање на глобалната финансиска криза.
Јапонскиот весник „Никеи бизнис дејли“ пишува дека францускито претседател Никола Саркози врши притисок самитот на Г8 да се одржи пред крајот на годинава. Весникот наведува дека, Јапонија која претседава со Г8 би можела да го разгледа францускито предлог.
Јапонскиот министер за финансии Шоичи Накагава денеска изјави дека соработува со партнерите од Г7, во членуваат САД, Јапонија, Германија, Франција, Велика Британија, Италија и Канада, за изнаоѓање на решение за глобалната финансиска криза.
Во Г8 членуваат сите земји од Г7 плус Русија.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|