
|
 |
Вести / Европа
|
|
Русија лансира сателит за изучување на молњи
Москва, 7 октомври (МИА) - Русија планира во вселената да лансира сателит за изучување на молњи во атмосферата на Земјата, соопшти директорот на Институтот за вселенски истражувања Лав Зељони.
- Се подготвуваме да извршиме експеримент за изучување на гама-зрачењата како резултат од појавата на молњите во земјината атмосфера, наведе рускиот научник.
Вселенскиот апарат во орбитата ќе го достави рускиот теретник „Прогрес“, после што „Чибис“ ќе биде подигнат во орбитата на висна од околу 400 километри.
Експериментот е дел од развојот на идејата за користење на теретен брод за научни задачи. Зељони потсети дека порано сите советски и руски теретни бродови после летот биле потопени во океан.
Од минатата година вселенските бродови пред потопувањето се користени за изведување на научни експерименти.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|