вторник, 02.12.2008

  IDIVIDI Мени
Вести / Европа

Гордон Браун ги обвини исландските власти за колапсот на нивните банки

Лондон,10 октомври (МИА) - Британскиот премиер Гордон Браун ги обвини властите во Исланд за колапсот на тамошните банки и за пропустот да ги гарантираат депозитите на британските штедачи, оквалификувајќи го дејствувањето на исландските власти како "всушност нелегално" и "целосно неприфатливо".

Во интервју за Би Би Си, британскиот премиер откри дека во телефонскиот разговор со претседателот на исландската Влада Геир Харде му забележал дека тамошните финансиски власти ги изневериле и ги измамиле како исландските, така и британските граѓани.

Како што пренесува дописникот на МИА од Лондон, Браун потврди дека Владата во Лондон ги замрзнала имотот и средствата што компаниите и банките од Исланд го имаат во Велика Британија, заканувајќи се со нови мерки за да се повратат британските пари што сега се заробени.

Премиерот на Исланд Харде во изјавата за Би Би Си рече дека се уште не може да поверува дека за заробување на исландскиот имот биле користени одредбите на законот за антитероризам и порача дека тој се уште верува во можноста новонастанатите состојби да се решаваат низ преговори.

Британските медиуми тврдат дека речиси 20 милијарди фунти "британски пари" на компаниите, на околу 300 илјади штедачи и на преку 20 општински совети и уште повеќе комунални фирми, се заробени со колапсот на неколку исландски банки.

Најголемиот дел од британските депозитори се врзани за интернет банката Ајссејв, која во Британија работеше како филијала на исландската банка Ланџбанки што прва беше национализирана од Владата во Рејкјавик.

Британскиот министер за финансии Алистер Дарлинг, вети дека Владата ќе ги гарантира целосно заштедите на британците во Ајссејв, но одби тоа да го потврди и за општинските совети, за полицијата и транспортните фирми врзани со општините, за кои Гардијан тврди дека имаат вложено 1 милијарда фунти во исландските банки.

Делегација на британското Министерство за финансии отпатува утринава за Рејкјавик на разговори за тоа како Велика Британија да ги поврати своите пари, во атмосфера која се опишува како вистинска "студена војна", каква што земјата немала со никого со децении на ред.


Наjновo од Вести
Прекината седницата на собраниската Комисија за здравство
НУБ „Св. Климент Охридски“ одбележа сто години од раѓањето на Кочо Рацин
Во Милано уапсени двајца осомничени терористи
Најмалку 14 повредени во судири на Западниот Брег
ТК - Прилеп најавува навремен откуп на тутунот и исплата за максимум три дена
Христофиас и Талат забележаа напредок за прашања поврзани со управувањето на Островот во случај на обединување
Најава за прекин на штрајкот во Гостиварско
Во Шпанија најголема невработеност во последните 12 години
Фратини: Односите со Русија се од стратешко значење за НАТО
На Етна пронајден мртов фотограф
Украинските парламентарци не го избраа новиот претседател на Врховната Рада
Новата австриска влада даде заклетва пред претседателот Хајнц Фишер
Холандиja ја забрани продажбата на свежи халуциногени печурки
Британскиот уметник Марк Леки ја доби наградата "Тарнер"
Советот на НАТО на ниво на шефови на дипломатии заседава во Брисел
Цените на пијалоците во ирските пабови една година ќе бидат непроменети поради кризата
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Астрономија
Deutsche Welle
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи