петок, 10.10.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Те сакаме сите, Тоше
Вести / Европа

Саркози во врска со сопругата на еден од сегашните министри

Францускиот претседател Никола Саркози имал врска пред четири години со сопругата на еден од сегашните членови на Владата, тврди лондонскиот весник „Тајмс“.

Во тоа време Саркози беше министер за внатрешни работи.

Тоа го обелоденил поранешниот шеф на француското разузнавање Ив Бертран, со копија од чии записи се снабдило француското списание „Поан“.

Аферата е само една од многуте тајни обелоденети од Бертран, кој 12 години, заклучно со 2004 година беше главен директор на полициското разузнавање. 

Дневниците на Бертран, исполнети со опасни истории за наркотици, забранет секс, изнуда и корупција меѓу француските лидери, беа одземени неодамна од истражните судии.

Бертран
Француското списание „Поан“, кое што се здобило со цензурирана копија, пишува дека записите „се ужасно патување во тајните на Републиката“.

Според непотврдени информации за врската на Саркози, неговата тогашна сопруга Сесилија Саркози била известена од разузнавањето за тајната афера на својот сопруг.

Според „Поан“ изгледа записите ја потврдуваат претпоставката дека по 2002 година разузнавањето работело за претседателот Жак Ширак во обид да го оцрни Никола Саркизи кој тогаш го презеде Сојузот за народно движење и се кандидираше за претседател. Откако победи на изборите, Саркози ја распушти полициската шпионска служба.


Наjновo од Вести
Викендов четвртиот натпревар од Шампионатот на Македонија во мотокрос за сезоната 2008
Операцијата врз Далај Лама во Њу Делхи мина без компликации
Џорџ Буш формира екипа за воведување на новиот претседател во Белата куќа
Саркози во врска со сопругата на еден од сегашните министри
Гордон Браун ги обвини исландските власти за колапсот на нивните банки
Патописи за Македонија во 1903 и 1904 година објавени од „Ѓурѓа“
Најмалку 25 луѓе загинаа во сообраќајна несреќа во Пакистан
Словачка ќе го зголеми бројот на војници во Авганистан
Разнишана довербата во САД
Банкарски гаранции воведоа Словенија и Италија
Русија упати критика до НАТО и ОН, тврдејќи дека тајно потпишале спогодба за соработка
Американската амбасада во Лондон се сели од центарот од безбедносни причини
Британка се самоубила поради неплатен банкарски долг од 400 фунти
Британка се самоубила поради неплатен банкарски долг од 400 фунти
Жан-Мари Густав ле Клезио носител на Нобеловата награда за литература
vibe tribe
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Deutsche Welle
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи