вторник, 02.12.2008

  IDIVIDI Мени
Вести / Европа

Околу 40 проценти од работните места во индустријата во Шведска ќе исчезнат

Гетеборг, 10 октомври (МИА) – Околу 40 проценти од работните места во шведската индустрија ќе бидат дислоцирани во земји со ниски плати во наредните години, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Тоа го покажува извештајот што го изготви Глобализацискиот совет на шведската Влада, пишува денеска шведскиот дневен весник ”Свенска дагбладет”.

Големи делови од традиционалната скандинавска индустрија ќе бидат преземени од страна на Индија и Кина, проценуваат истражувачи при Високата трговска школа во Берген, Норвешка, кои исто така направиле прогноза на барање на шведската Влада.

Шведскиот Глобализациски совет смета дека таквиот развој веќе започнал со големите отпуштања најавени деновиве во шведскиот автомобилски концерн „Волво” во Гетеборг, иако едновремено се потенцира дека сепак станува збор за прогнози кои треба да се прифатат со извесна резерва.

Шведскиот синдикат е скептичен кон ваквите прогнози, при што се нагласува дека Шведска сепак е една од најсилните земји во Европа во рамките на индустријата на моторни возила така што некакво масовно селење на индустриските работни места тешко би можело да се очекува.


Наjновo од Вести
Прекината седницата на собраниската Комисија за здравство
НУБ „Св. Климент Охридски“ одбележа сто години од раѓањето на Кочо Рацин
Во Милано уапсени двајца осомничени терористи
Најмалку 14 повредени во судири на Западниот Брег
ТК - Прилеп најавува навремен откуп на тутунот и исплата за максимум три дена
Христофиас и Талат забележаа напредок за прашања поврзани со управувањето на Островот во случај на обединување
Најава за прекин на штрајкот во Гостиварско
Во Шпанија најголема невработеност во последните 12 години
Фратини: Односите со Русија се од стратешко значење за НАТО
На Етна пронајден мртов фотограф
Украинските парламентарци не го избраа новиот претседател на Врховната Рада
Новата австриска влада даде заклетва пред претседателот Хајнц Фишер
Холандиja ја забрани продажбата на свежи халуциногени печурки
Британскиот уметник Марк Леки ја доби наградата "Тарнер"
Советот на НАТО на ниво на шефови на дипломатии заседава во Брисел
Цените на пијалоците во ирските пабови една година ќе бидат непроменети поради кризата
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Астрономија
Deutsche Welle
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи