Во Велика Британија ирански терорист од пред 28 години помилуван од издржувањето на доживотен затвор
Лондон, 10 октомври (МИА) - Единствениот преживеан терорист од нападот и опсадата на зградата на Амбасадата на Иран во центарот на Лондон, во 1980 година, е ослободен од затвор и му е дозволено да остане во Велика Британија, јави дописникот на МИА од Лондон.
Фавзи Бадави Неџад, кој беше уапсен при операцијата за разбивање на терористичката група, што ја извршија британските специјални сили, беше осуден на доживотен затвор.По 28 години во затвот, Комисијата за помилување ја прифати молбата на осуденикот и на неговиот адвокат и е пуштен на слобода.
Имиграционите власти, соопштија дека Неџад добил веднаш дозвола за престој во Велика Британија за шест месеци, затоа што не може да биде депортиран во Иран каде го очекува смртна казна и егзекуција.
Неџад беше еден од шестмината ирански терористи што во април 1980 година ја напднаа Амбасадата на Иран во Лондон, земајќи при тоа и 26 лица, од персоналот на дипломатската мисија, како и луѓе кои се затекнале случајно во зградата, како заложници. Опсадата траеше шест денови, а во тоа време двајца од заложниците беа убиени.
|