
|
 |
Вести / Европа
|
|
Исчезнат компјутерски диск на британското Министерство за одбрана со доверливи податоци
Лондон, 10 октомври (МИА) - Британското Министерство за одбрана соопшти дека е отворена истрага за исчезнатиот компјутерски хард диск на кои се наоѓале „доверливи податоци", јави дописникот на МИА.
Според признанието на претставник на Министерството, на дискот што „го нема уште од средата", се наоѓале податоците за 100 илјади лица во британската Армија, но дека се проценува оти на дискот имало 1,5 најразлични податоци, со деталите на 600 илјади потенцијални регрути на војската.
Станува збор за детали од банкарските сметки, податоци од возачките дозволи и пасошите, адреси и телефонски броеви на луѓето кои би можело да бидат злоупотребени на различни нацини ако „се најдат во погрешни раце".
Компанијата задолжена за работата со софтверот на Министерството, тврди дека не забележала никаква повреда на безбедносните мерки, таму каде е чуван компјутерскиот диск.
- Не е првпат да се случи ваков инцидент во Министерството за одбрана, зашто во јуни годинава беше потврдено дека во текот на изминатите две години се загубени или биле украдени дури 658 службени лаптоп компјутери, а 26 дискови со доверливи податоци од најразличен вид, се загубиле или исчезнале, јави дописникот од Лондон.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|