вторник, 02.12.2008

  IDIVIDI Мени
Вести / Европа

Терористите од бомбашките напади во Лондон и Глазгов тврдат дека немале намера да предизвикаат експлозии од поголеми размери

Лондон, 10 октомври (МИА) -  Терористите од бомбашките напади во Лондон и Глазгов, извршени со помош на автомобили-бомби, на 29 јуни и на 1 јули минатата година, тврдат дека немале намера да предизвикаат експлозии од поголеми размери, но обвинителот на судењето во Лондон на Биал Абдула и Мохамед Асе, тврди дека нивните намери биле да изведат неколку напади во британскиот главен град и подоцна во Шкотска, со големи разурнување и бројни човечки жртви, јави дописникот на МИА од Лондон.

Според обвинителот во процесот Џонатан Леидло, првообвинетиот Абдула и Кафел Ахмед, кој почина од изгореници по нападот со запален џип во зградата на аеродромот во Глазгов, оставиле во 01:30 часот по полноќ, мерцедес пред лондонскиот ноќен клуб "Тајгер-тајгер" во строгиот центар на градот и во близината на автобуска станица на која во секое време има многу луѓе. Малку подоцна, уште едно такво возило оставиле и во блиската споредна улица, во близината на ноќниот клуб.

И во двата автомобили имало наместено боци со гас, нафта и бензин, како и преку 900 шајки, кои при активирањето на експлозивната направа, со распрснување на сите страни требало да предизвикаат уште повеќе мртви и ранети луѓе.

Големата експлозија, како што се вели во обвинението е избегната на време, откако по еден инцидент со гостин во ноќниот клуб, луѓето од Брзата помош забележале како од мерцедесот излегува слаб чад и се шири силна миризба на бензин. Ја повикале полицијата, која во автомобилот ја открила пеколната направа за изведување на операциите автомобил-бомба и која потоа го блокира целиот центар на Лондон, трагајќи по уште такви автомобили.

Возилото што беше најдено во споредната улица, следниот ден беше уништено со контролирана експолозија, а полицијата тргна во потрага по терористите.

Во ноќниот клуб во моментот на откривањето на возилата имаше преку 550 гости.

Во Судот беше откриено дека по оставањето на возилата, двајцата терористи со помош на рикша возилата, што во Лондон обично ги користат туристите, избегале од центарот и одново се состанале на Еџвер роуд улицата, целата полна главно со продавници, ресторани и чајаџилници на домашните муслимани.

На метро страницата во оваа улица на 7 јули 2005 година беше извршена една од четирите експолозии на бомбашите самоубијци во лондонското метро. По неуспехот да се покрене механизмот во двата автомобили бомба, терористичката група се префрлила во Глазгов, настојувајќи таму да предизвика експолозија со големи последици.

Терористите во британските медиуми се означуваат како „бомбаши лекари“, затоа што во Британија беа на медицинска специјализација.


Наjновo од Вести
Најава за прекин на штрајкот во Гостиварско
Разгледани уште 29 амандмани од поднесените по Предлог - буџетот за 2009 година
Екстремистичка група одговорна за напад во централата на Партијата за правда и развој во Истанбул
Просветните работници да продолжат со наставата
Шврговски: Тврдења на сведокот за атентатот на Глигоров се невистинити
Во Гостивар на автобуската станица нападнти двајца полицајци
Здружението на блогери реагира на некои медиумски заклучоци дека презентираат неточна слика за одредени појави
Во Шпанија најголема невработеност во последните 12 години
Фратини: Односите со Русија се од стратешко значење за НАТО
На Етна пронајден мртов фотограф
Украинските парламентарци не го избраа новиот претседател на Врховната Рада
Новата австриска влада даде заклетва пред претседателот Хајнц Фишер
Холандиja ја забрани продажбата на свежи халуциногени печурки
Британскиот уметник Марк Леки ја доби наградата "Тарнер"
Советот на НАТО на ниво на шефови на дипломатии заседава во Брисел
Цените на пијалоците во ирските пабови една година ќе бидат непроменети поради кризата
ЕУ со договор за намалување на штетните гасови од автомобилите од 2012 година
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Астрономија
Deutsche Welle
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи