
|
 |
Вести / Европа
|
|
ЗНД координира акција во борба против финансиската криза
Бишкек, 10 октомври (МИА) - Единаесетте поранешни советски републики, кои ја сочинуваат Заедницата на независи држави (ЗНД), одлучија денеска на состанокот во Бишкек, главниот град на Киргистан, да формираат работна група на ниво на министри за финансии, која ќе има задача да врши анализа на светската економија, поврзана со меѓународната финансиска криза.
Претседателот на Киргистан, Курманбек Бакијев, чија земја е актуелен претседавач со ЗНД, на отварањет на средбата на шефовите на држави на земјите-членки на Заедницата, укажа дека финаниската криза „ги допрела сите, а доколку досега некој не ја почувствувал, сигуро ќе ја почувствува“.
Бакијев изјави дека првото заседание на работната група ќе се одржи за десет дена во Москва.
Рускиот претседател Дмитриј Медведев нагласи дека земјите-членки на ЗНД треба да го следат примерот на Европската унија и да отпочнат со координирана акција во сферата на финансиите.
- Потребна ни е иста таква акција доколку сакаме да останеме конкурентни и со минимални загуби да ги надминеме последиците ид финансиската криза, рече Медведев.
Тој потсети дека ЕУ донела важна одлука во однос на координацијата на мерките во финансискиот сектор и укажа дека тие одлуки имаат директно финансиско влијаие, вклучувајќи ги и пазарите на акции.
Рруската Дума денеска одобри пакет помош во износ од 86 милијарди долари, вклучувајќи 50 милијарди долари државни пари за банките и компаниите кои имат потреба од средства за рефинансирање на странскиот долг и 36,6 милијарди долари за водечките руски банки во вид на субординирани заеми.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|