вторник, 02.12.2008

  IDIVIDI Мени
Вести / Европа

Баросо: Признавањето на Косово од страна на голем број држави на ЕУ е доказ дека не е преседан

Брисел, 15 октомври (МИА) - Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо изјави во Брисел дека факт е дека Косово го признале „огромно мнозинство“ држави на ЕУ, што е доказ дека на овој случај не може да се гледа како на преседан за отцепување на грузиските области Јужна Осетија и Абхазија.

- Од почеток зборувавме дека Косово не може да создаде преседан. Сметаме дека не треба да има било каков паралелизам меѓу ситуацијата со Косово и грузиските региони, истакна Баросо на заедничката прес-конференција со грузискиот претседател Михаил Сакашвили.

- Развојот на настаните тоа го потврдија. Косово го признаа значаен број земји во светот, огромно мнозинство членки на ЕУ, многу надвор од Европа..., а грузиските области не ги признал ниту еден важен во светот, додаде претседателот на Европската комисија. 

Сакашвили смета дека разликата во двата случаи е во тоа што „НАТО дошол на Косово за да спречи етничко чистење, а Русија дошла во Грузија за да изврши етничко чистење“.

Баросо нагласи дека ЕУ нема да дозволи да се премине „црвената линија“, а тоа е целосно почитување на територијалниот интегритет и суверенитет на Грузија.


Наjновo од Вести
Продолжение на амандманската расправа по Предлог - буџетот за 2009
Агенцијата Муудис предупредува дека турската економија без спогодба со ММФ ќе западне во рецесија
Шутановац: Српската војска нема да се врати на Косово
Атина и Скопје да го прифатат името „Северна Македонија“
Петмина Палестинци повредени во судири со израелски доселеници
Војници на НАТО извршија претрес во домот на Радован Караџиќ
Извештај на Бан Ки-мун за Кипар
Холандиja ја забрани продажбата на свежи халуциногени печурки
Британскиот уметник Марк Леки ја доби наградата "Тарнер"
Советот на НАТО на ниво на шефови на дипломатии заседава во Брисел
Цените на пијалоците во ирските пабови една година ќе бидат непроменети поради кризата
ЕУ со договор за намалување на штетните гасови од автомобилите од 2012 година
Лондон не размислува за воведување на еврото
Во Шпанија уапсени 40 лица поради дистрибуција на детска порнографија
Доналд Туск сака Полска до 2020 година да има нуклеарна централа
Во Полска почна Конференција на ОН за борба против климатските промени
За Украина и Грузија има долг пат за влез во НАТО, смета Рајс
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Астрономија
Deutsche Welle
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи