вторник, 02.12.2008

  IDIVIDI Мени
Вести / Европа

Ново зголемување на невработеноста во Британија

Лондон, 15 октомври (МИА) - Бројот на луѓето кои се без работа во Велика Британија, продолжува да расте и на почетокот од септември достигна 1,79 милиони, соопшти државниот Завод за статистика.

Во периодот меѓу јуни и крајот на август, невработеноста во земјата е зголемена за уште 164 илјади луѓе, што е најголем пораст во еден квартал од 1991 година, додека 930 илјади луѓе се пријавени на берзата за работа, трагајќи по ново вработување, јави дописникот на МИА од Лондон.

Според податоците на британската статистика, процентот на невработеноста во земјата сега изнесува 5,7 отсто, што се смета како нов силен доказ за економската криза во која се наоѓа Британија.

Владата најави, дека ќе издвои дополнителни 100 милиони фунти за преквалификација и за ново обучување на луѓето кои останаа без работа, како последица на најновата економска и финансиска криза.

Лондонски „Дејли телеграф“, вели дека, интервенцијата на државите во светот со преку три илјади милијарди „свежи пари“ во приватните банки, за поправање на нивната неликвидност, најверојатно ќе помогне да не дојде до распад на банкарскиот систем и до крах на економијата, но тоа сигрно брзо ќе се одрази врз т.н. реално стопанство, чии последици ќе се чувствуваат подолго време.Тоа посебно ќе се забележи во Британија поради преголемата задолженст на нејзините граѓани.

Порастот на инфлацијата до сегашните 5,2 отсто и зголемувањето на невработеноста се најсилните показатели дека земјата влегува забрзано во рецесија.

Економски експерти предвдуваат до крајот на оваа година, земјата да остане без никаков пораст на нејзината економија, што и технички означува рецесија, со која британската економија ќе влезе и во следната 2009 година.

Најголеми последици засега има во градежната индустрија и во градежништвото, поради целосниот застој на пазарот за недвижен имот.

Анализата на податоците на државната статистика за невработеноста, предупредуваат дека до крајот на оваа година дури два милиони луѓе во Велика Британија може да останат без работа.


Наjновo од Вести
Во Шпанија најголема невработеност во последните 12 години
Во Гостивар започна поднесувањето барања за кредит за самовработување
Норвешки суд го осуди Мирсад Репак за злосторства врз српски цивили за време на војната во Босна
Универзитетската библиотека во Битола со повеќе манифестации ќе го одбележи Свети Климент Охридски
МВР билтен
Фратини: Односите со Русија се од стратешко значење за НАТО
Програма за одбележување на 60-годишнината од националниот парк „Пелистер“
На Етна пронајден мртов фотограф
Украинските парламентарци не го избраа новиот претседател на Врховната Рада
Новата австриска влада даде заклетва пред претседателот Хајнц Фишер
Холандиja ја забрани продажбата на свежи халуциногени печурки
Британскиот уметник Марк Леки ја доби наградата "Тарнер"
Советот на НАТО на ниво на шефови на дипломатии заседава во Брисел
Цените на пијалоците во ирските пабови една година ќе бидат непроменети поради кризата
ЕУ со договор за намалување на штетните гасови од автомобилите од 2012 година
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Астрономија
Deutsche Welle
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи