
|
 |
Вести / Европа
|
|
„Капиталот“ на Маркс во Германија се продава „како алва“
Берлин, 15 октомври (МИА) - Продажбата на Капиталот на Карл Маркс се зголемила во овие времиња на финансиска криза, изјави Јорн Шјутрумф од издавачката куќа Карл Диц.
- Маркс одново е во мода и побарувачката за неговите книги се зголемува, изјави тој во интервју за Ноје Рур ноје Рајнцајтунг.
Оваа година биле продадени 1.500 примероци од првиот том на Капитал наспроти 500 во 2005 година. Издавачот тврди дека продажбата ќе продолжи да се зголемува.
Самиот германски минстер за финансии Пеер Штајнбрук се повика на Маркс во крајот на септември по повод финансиската криза.
- Има нешто точно во делови од теоријата на Маркс, на пример тоа дека капитализмот во краен случај се самоуништува од алчност, изјави Штајнбрук за Шпигел.
Првиот том на Капиталот беше објавен во 1867 година и во него Маркс си поставува за цел да ги докаже противречностите на капитализмот.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|