
|
 |
Вести / Европа
|
|
Полскиот претседател Качински отпатува за Брисел со изнајмен авион, спротивно на волјата на Владата на Туск
Варшава, 15 октомври (МИА) - Полскиот претседател Лех Качински денеска отпатува за Брисел, со изнајмен авион, за да присуствува на средбата на врвот на ЕУ и покрај спротивставувањето на премиерот Доналд Туск, пренесе Франс прес.
Откако не можеше да го искористи владиниот авион, со кој за Брисел замина премиерот и министрите од неговата придружба, Качински одлучи да најми „Боинг 737“ на полската авиокомпанија ЛОТ. Според телевизијата ТВН24 наемот изнесува 40.000 евра, но ЛОТ одби да ја потврди информацијата.
-Програмата за посетата на претседателот е сообразена со Европскиот совет, пред малку соопшти шефот на прес службата на Качински, Агнеша Колач.
Премиерот Доналд Туск денеска пред полските новинари во Брисел изјави дека претседателот навистина доаѓа во Брисел, но не на самитот на ЕУ.
Според денеска објавените две социолошки истражувања повеќето Полјаци (85 отсто во едното и 77 отсто во другото) сметаат дека караниците меѓу претседателот и премиерот забележливо го нарушуваат имиџот на Полска. Дури 83 отсто од испитаниците изјавиле дека се срамат од конфликтот, а 63 се на мислење дека во овој случај премиерот Туск е во право, додаде АФП.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|