
|
 |
Вести / Европа
|
|
Лидерите од ЕУ во Брисел ќе одобрат план за спас на банкарскиот систем и ќе повикаат на светски мерки против кредитната криза
Брисел, 15 октомври (МИА) - Лидерите од ЕУ се сретнаа денеска во Брисел за да го одобрат планот за спас на финансискиот систем, во вредност од два трилиона евра (2,7 трилиони долари) и да повикаат на светска реакција на кредитната криза.
Според предлог заклучоците од дводневната средба шефовите на држави и Влади планират да "прифатат заеднички принципи", разработени во неделта од 15-те држави членки на Еврозоната.
Спасувачкиот план, донесен во неделата во Париз, е одобрен од Велика Британија и во себе вклучува мерки за гарантирање на меѓубанкарските кредити и делумно национализирање на проблематичните финансиски институции преку нивно обезбедување со ликвидни средства во замена за акции.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|