петок, 03.09.2010

  IDIVIDI Мени
Вести / Европа

Им плаќаат на емигрантите да си одат дома

Во рамките на Европската унија, Шпанија има пропорционално најголем број емигранти.

Имено, во текот на изминатата деценија на економски бум во Европа, во Шпанија се населија пет милиони работници од странство, главно од Јужна Америка и Источна Европа.

Меѓутоа, актуелната економска криза, шпанската Влада ја поттикна да размисли за нов пристап на досегашната емиграциска политика на „отворени врати“.

Имено, стапката на невработеност достигна 17 отсто и Владата сега на јужноамериканските емигранти им нуди пари за да се вратат дома. Слична програма наскоро може да биде воспоставен и за Романците, а дописникот на Би-Би-Си во Мадрид се обиде да дознае дали тие планови можат да го запрат емигрантскиот бран кон Шпанија.

Порта на подобар живот

Модерната зграда на аеродромот „Барахас“ во Мадрид претставува еден од симболите на економскиот бум во Шпанија; до пред една година аеродромот беше порта низ која минале милиони емигранти, пристигнувајќи во Шпанија во потрага за подобар живот.

Меѓутоа сега, емигрантите низ истата таа порта си одат дома, Шпанија е во длабока рецесија, а стапката на невработеност е највисока во Европа. Околу 25.000 Јужноамериканци купиле карти во еден правец и се враќаат дома.

Една жена од Еквадор се поздрави со сестрата и вели дека и многу нејзини роднини и пријатели имаат намера да си одат, подобро им е дома, вели таа.

Шпанската Влада сесрдно ги поттикнува емигрантите на тој чекор, а на тие кои ќе се согласат да се вратат во следните три години, им исплатува одредена сума на пари.

Таа понуда за сега ја прифатиле околу 4.000 жители на Јужна Америка, а се разгледува можноста нешто слично да им се понуди и на Романците. Тоа би било првпат една членка на ЕУ активно да ги поттикнува граѓаните од другите земји членки, да си одат дома.

Убедливо најмногу има Романци

Алкала де Енарес, атрактивен средновековен град недалеку од Мадрид, е родно место на Мигуел де Сервантес; тоа е воедно и град со најголем број романски емигранти во Шпанија.

Во продавниците може да се купат многу романски производи, романски чоколади, колбаси, сирење...

Локалниот училишен центар нуди часови по шпански јазик. Тие што го посетуваат или го завршиле курсот, речиси немаат намера да се вратат дома, се додека имаат вработување, но има луѓе на кои подобро им е дома.

Еден Романец вели дека пред шест години откако останал без работа во Романија допатувал во Шпанија, а додека градежната индустрија во Шпанија цветала, заработил доволно да се врати во својот роден крај и да изгради куќа, но сега бил повторно невработен и сака што побрзо да си оди дома во Романија:

- Доаѓањето во Шпанија ми беше најголема грешка во мојот живот, најглупавата одлука која сум ја донел. Ако успеам да најдам некаква работа, се враќам пред Божик, ако даде Господ, да заколам свиња и да бидам со семејството, вели тој.

Луѓето постојано си заминуваат

Во една кафеана покрај православната црква во Алкала, претседателот на романското културно друштво Георге Гајнар, вели дека луѓето постојано си одат од Шпанија.

- Секоја недела по службата доаѓаме во оваа кафеана и гледаме дека некој ни недостасува. Кога ќе прашаме каде е, се слуша дека останал без работа и си заминал дома, вели тој.

Меѓутоа, Гајнар не е уверен дека програмата за враќање на Романците дома, за кој размислува шпанската Влада ќе ги даде посакуваните резултати.

- Шпанија се обидува невработените Романци да ги избрише од својата статистика и да ги префрли во романската. Но, шпанската помош за невработените е поголема од романската плата, па подобро е да си невработен во Шпанија, отколку вработен во Романија, напоменува тој.

Во шпанското Министерство за труд и емиграција, високиот функционер Хавиер Ордуна ги отфрлува тврдењата дека владата во Мадрид се обидува да ги поправи статистичките податоци.

- Во постоечките околности, ако не им помогнеме, Романците нема да сакаат да се вратат дома. Секако дека кризата ја погоди цела Европа, па и Романија, но нивната стапка на невработеност е пет отсто, додека кај нас е околу 17 отсто. Нашата цел не е да ја поправиме шпанската стапка на невработеност, туку да се обидеме да го реорганизираме пазарот на трудот, тврди Ордуна.

Никој не знае точно, колку Романци си заминале дома. Некои заминале па се вратиле, други заминале, но редовно доаѓаат во Шпанија за да подигнат социјална помош.

Сепак во Алкали има многу луѓе кои имаат намера да останат, а во „Европа без граници“ шпанската Влада не може да направи ништо, за да ги предомисли Романците.

(Би-Би-Си - Лондон)




Фото експрес
Наjновo од Вести
Најмалку едно лице загина во самоубиствен напад во Таџакистан
Премиера на „Црвената магија“ во Струмичкиот театар
„Гардијан“: Притисок на ЕУ врз Белград да почне разговори со косовските власти
Најмалку пет луѓе загинаа во новите шумски пожари што ја зафатија Јужна Русија
Во Делчево почнува манифестацијата „Пијанечко - малешевска свадба“
При напад на ФАРК загинаа 14 полицајци
Јапонија наложи дополнителни санкции против Иран
Нови пожари во Русија
Британскиот министер Хејг го поздрави обновувањето на израелско-палестинските преговори
АФП сака да биде достапна и за пошироката публика
Функцијата на Кадиров преименувана во - раководител на република
Владата на Шкотска предлага минимална цена за алкохолните пијалоци за да го намали пијанчењето
Шокантно тврдење на педофил за малечката Меделин
Европската комисија бара објаснувања од Париз за положбата на Ромите
Холанѓанка осомничена за убиство на нејзините три бебиња
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
ТВ програма
Deutsche Welle
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
 
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, сите права задржани : Македонски Телеком - 2004
преземи