петок, 03.09.2010

  IDIVIDI Мени
Вести / Европа

Европската комисија ја отфрли потребата од дополнителни мерки против лажните бракови

Брисел, 3 јули (МИА) - Европската комисија соопшти дека праксата на склучување лажни бракови меѓу имигранти и граѓани на ЕУ може да биде прекината без да се воведуваат нови ограничувања врз слободното движење на луѓето. 

- Слободата да живееш и работиш во странство е еден од камен-тмелниците на ЕУ, изјави еврокомесарот за правда, слобода и безбедност Жак Баро, претставувајќи правци за поставувањето директиви за слободното движење на луѓето.

Данска сака да го ограничи поставувањето директива, со цел да се справи со десетиците случаи на лажни бракови меѓу нелегални имигранти и граѓани на ЕУ, склучени единствено поради добивање дозвола за престој во земјата-членка на Унијата.

Загриженост во врска со лажните бракови изрази и Ирска, каде се регистрирани голем број бракови меѓу Латвијци и Пакистанци. Во 2008 година Европскиот суд и нареди на Ирска да се откаже од плановите за депортирање на четворица мажи од земји кои не се членки на ЕУ бидејќи склучиле брак со жени од Велика Британија, Германија и Полска, кои живеат во Ирска. Судот донесе одлука Ирска да им издаде на четворицата мажи соодветни дозволи за престој.

Според вчера објавените насоки, владите имаат право да ги проверат сите околности околу сомнителниот брак, но тоа треба да се спроведе врз основа на строго индивидуален приод кон секој одделен случај. Ограничувањето на слободата на движењето или протерување се дозволува само ако постои „реална и доволно сериозна закана за фундаменталните интереси на општеството“.



Фото експрес
Наjновo од Вести
Најмалку едно лице загина во самоубиствен напад во Таџакистан
Премиера на „Црвената магија“ во Струмичкиот театар
„Гардијан“: Притисок на ЕУ врз Белград да почне разговори со косовските власти
Најмалку пет луѓе загинаа во новите шумски пожари што ја зафатија Јужна Русија
Во Делчево почнува манифестацијата „Пијанечко - малешевска свадба“
При напад на ФАРК загинаа 14 полицајци
Јапонија наложи дополнителни санкции против Иран
Нови пожари во Русија
Британскиот министер Хејг го поздрави обновувањето на израелско-палестинските преговори
АФП сака да биде достапна и за пошироката публика
Функцијата на Кадиров преименувана во - раководител на република
Владата на Шкотска предлага минимална цена за алкохолните пијалоци за да го намали пијанчењето
Шокантно тврдење на педофил за малечката Меделин
Европската комисија бара објаснувања од Париз за положбата на Ромите
Холанѓанка осомничена за убиство на нејзините три бебиња
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
ТВ програма
Deutsche Welle
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
 
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, сите права задржани : Македонски Телеком - 2004
преземи