
|
 |
|
|
Вести / Европа
|
|
Британските здравствени власти предупредуваат на лажни лекови против вирусот на новиот грип од типот А (H1N1)
Лондон, 3 јули (МИА) - Британските здравствени власти предупредија денеска на присуството на лажни и фалсификувани лекови против вирусот на грипот од типот А, на домашниот пазар. Во соопштението се вели дека на пазарот има лажен „Тамифлу“, препарат кој се покажа како најефикасно средство за лекување на болеста, што се нуди за пациентите и за оние кои сакаат да се обезбедат од заразата, преку Интернет, јави дописникот на МИА од Лондон.
Здравствените власти инсистираат да не се купува лекот што се нуди преку електронската пошта, туку само препаратите пропишани од лекар и набавени на рецепт во некоја од аптеките. Во „лекот“ купен преку Интернет најчесто има обичен шеќер, претворен во таблети, или дури и разблажен отров за глувци, а не „Тамифлу“, како што пишува на опаковките. Луѓето непотребно се изложуваат на трошок, не може да се излечат, а се доведуваат и во опасност да настрадаат поради лажните „лекови“.
Велика Британија има доволни залихи од вистинскиот лек против грипот А за сите во земјата, се вели во соопштението на здравствените власти.
Британската кралска асоцијација на фармацевтите објави дека побарувачката за „Тамифлу“ лекот ја настигнала и веќе ја надминува побарувачката за „вијагра“, досега најбараниот лек преку Интернет.
|
|
|
 |
|
|
|
|
 |
Фото експрес
|
|
|
|
|
|
|
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|